Search

Левандовски и Бензема во трка да ја прекинат доминацијата на Меси за наградата „Златна топка“

По едоногодишна пауза поради пандемијата наметната од коронавирусот Париз вечерва ќе биде домаќинот на свечената церемонија организирана од „Франс фудбал“ на која ќе биде доделена најпрестижната светска индивидуална фудбалска награда –  „Златната топка“.

Последниот добитник на ова блескаво признание, сопственикот на шеат „златни топки“ Арегнтинецот Лионел Меси  е меѓу главните фаворити да придодаде во својата богата колекција уште еден ваков трофеј и да ја потврди на убедлив начин својата доминација во овој избор, што еден период „Франс фудбал“ го правеше во ко-продукција со ФИФА.

Главни конкуренти на Меси за да му ја одземат доминацоијата во освојувањето на „Златната топка“ се напаѓачите на Баерн Минхен, Полјако Роберт Левандовски и на Реал Мадрид, Французинот Карем Бензема.

Ако им се верува на француските медиуми  кои уште од утрвово се тркаат која ќе го погоди освојувачот на бледквото признание, тогаш Меси по седми пат ќе се запише како старо-нов освојувач на наградата. За ваков расплет француските медиуми наведуваат дека во изминатата година Меси со Аргентина ја освои Копа Америка и конечно дојде до трофеј со репрезентацијата што му недостасуваше во неговата богата кариера како играч на Барселона, а од оваа сезона на францускиот ПСЖ.

 

Треба да знаете
Последни објави