Search

Левандовски влезе во најдобрите 25 стрелци во историјата на репрезентативниот фудбал

Напаѓачот на фудбалската репрезентација на Полска, Роберт Левандовски постигна два гола  против Босна и Херцеговина (3:0) на натпреаврот од Лигата на нации. За него тие беа 62. и 63. погодок во дресот на државниот тим. Според статистичките податоци Левандовски се проби на 24. место на листата со најдобри стрелци на репрезентативните мечеви во историјата на фудбалот, израмнувајќи се со Али Мабхут од репрезентацијата на ОАЕ .Левандовски има одиграно 113 натпревари, а Мабхут – 83.

Бразилскиот капитен Нејмар постигна еден гол повеќе, Дидие Дрогба од Брегот на Слоновата Коска има два пред Полјакот.

Најдобар стрелец во историјата на репрезентативниот фудбал останува Али Даеи од Иран (109), а најдобар меѓу активните играчи е Португалецот Кристијано Роналдо (101).

Напаѓачот на Белгија, Ромелу Лукаку, постигна два гола против Исланд (2:1) и стигна до 55 погодоци за националниот тим. Тој го дели 40. место во светот со Бразилецот Ромарио, Јапонецот Казјоши Миура, Чехот Јан Колер и Сингапурецот Фонди Ахмад.

Треба да знаете
Последни објави