Search

Лајм: Бузаку има „бомби“ за Реџепи поврзани со стриптиз во охридски хотели

Oткако Скендер Бузаку на Сулејман Реџепи му постави ултиматум од 72 часа да се тргне од ИВЗ и да се повлече од функцијата за да не објави докази за негови криминали, весникот Лајм објави дека станува збор за „бомби“ кои ги има Бузаку. Според Лајм бомбите се поврзани со хотели во Охрид каде, според весникот, се играло и стриптиз. Како што објави Лајм, друг дел од компромитирачките материјали за Реџепи се однесуваат на имотот на ИВЗ, кој кој и бил подарен на државата, бидејќи верската организација не се жалела на судските одлуки.

Изворите на весникот најавуват дека треба да се објават и документи со несакана содржина во врска со организирањето на аџилакот и за дистрибуирање на хуманитарна помош.

Треба да знаете
Последни објави