Search

„Лајка”: Рекордни 111 стерилизации и кастрации на бездомни кучиња во ноември

Во ноември се спроведени 111 стерилизации и кастрации на бездомни кучиња, со оваа бројка е срушен рекордот на успешно изведени операции на месечно ниво досега во ЈП „Лајка”, информираа денеска од претпријатието.

– И покрај тешката финансиска состојба во која се наоѓа претпријатието и предизвиците со кои се соочуваат вработените секојдневно, во недостаток на ресурси за работа и неисплатени плати, тимот на ЈП „Лајка” максимално и професионално се вложува во остварување на успеси, посочија оттаму.

За овој рекорден резултат, како што се нагласува во соопштението, должиме благодарност на целиот тим при Амбулантата на ЈП „Лајка”, на нивните заложби, посветеност и професионалност.

Треба да знаете
Последни објави