Search

Лашкоска: Се докажа дека ВМРО-ДПМНЕ не бега од формирање на антикорупциска комисија

ВМРО-ДПМНЕ долго време, поточно 9 месеци апелираше дека е потребно итно формирање на антикорупциска комисија во Република Македонија. Денес се докажа дека ВМРО-ДПМНЕ ниту го блокираше носењето на антикорупциската комисија, ниту бегаше од нејзино формирање како што тврдеше СДСМ, изјави пратеничката Ане Лашкоска.

„Драго ни е што владејачкото мнозинство го послуша нашиот апел и беа земени во предвид нашите амандмани се со цел да се донесе што е можно поквалитетен закон за формирање на Државна комисија за спречување на корупција и судир на интереси. Како што и претходно кажавме, како опозиција нашите амандмани беа од суштинско значење кои драстично го променија текстот на законот“, рече таа.

Пратеничката додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е задоволно што владејачкото мнозинство конечно сфатило дека на Република Македонија ѝ е потребна квалитетна и пред сè професионална антикорупциска комисија што ќе работи сериозно и без било какви политички влијанија.

„Прифаќањето на амандманите е показател дека Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да блокира вакви битни процеси туку пред се има еден сериозен пристап да дејствува за подобрување на сите процеси кои се одвиваат во нашето општество“, рече Лашкоска.

Треба да знаете
Последни објави