Search

Лашкоска: ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради автопат Прилеп-Битола до јужна граница и ќе ја гасифицира Македонија

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе реализираме изградба на автопатско решение Прилеп-Битола до грчка граница, и продолжување на експресниот пат Прилеп градско. Исто така ветуваме 1000 километри  магистрални, регионални и локални патишта. А сигурно ќе ги довршиме и патиштата кои што беа прекинати, изјави  Ане Лашкоска, кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 4,  во Топ Тема на Телма телевизија.

Лашкоска истакна дека граѓаните можат да бидат сигурни дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го исполни ова ветување затоа што тие се единствените кои во минатото градеа автопатишта, магистрални и регионални патишта,   како и изградба на и реконструкција на железничка пруга.

– Јас морам да споменам за ветувањата на СДСМ кога ветува 550 километри магистрални и регионални  патишта,  600 километри автопат и експресни патишта, 1000 километри локални патишта,  меѓутоа за жал ништо од тоа не видовме, освен запирање на почнатото како во случајот на патот  Прилеп- Градско, вели Лашкоска

Таа истакна дека овој проект е запрен бидејќи изведувачот си замина и ја тужи државата бидејќи владата на СДСМ се обидела да изврши индиректен рекет врз компанијата.

– Подизведувачите јасно укажуваат зошто си заминала шпанската фирма. Последните средства кои биле уплатени на таа компанија ги платила ВМРО-ДПМНЕ пред заминување, за потоа 5 до 6 месеци работеле без да им биде исплатена работата притоа добивајќи уцени, притисок од раководните структури на СДСМ за да ги сменат подизведувачите. Тоа е индиректен рекет и затоа пресметале дека е подобро да ја тужат државата. За жал штетата заради СДСМ е на товар на Република Македонија и на граѓаните., потенцираше Лашкоска.

Таа истакна дек ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на гасификација на Македонија носење на гасот прво до стопанствата и фабриките а потоа и до секое домаќинство.

Треба да знаете
Последни објави