Search

Лацио му нуди нов договор на тренерот Инзаги

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито ќе се сретне со тренерот Симоне Инзаги на средба на која ќе се разговара за нов договор за 43-годишниот фудбалски стручњак. Договорот се очекува да биде со важност до јуни 2025 година. Платата на Инзаги е три  милиони евра по сезона плус бонуси.

На 1 март Лацио се искачи на врвот на табелата во Серија А, откако го победи натпреварот од 26-то коло на италијанскиот шампионат против Болоња (2:0). Последен пат римскиот клуб беше во водство во лигата кога стана шампион во сезоната 1999/2000.

Во моментот на прекинот на Серија А, поради пандемијата, Лацио беше на второто место, еден бод зад лидерот Јувентус.

Треба да знаете
Последни објави