Search

Лацио го совлада Интер нанесувајќи му го првиот пораз по 16 натпревари

Во последниот натпревар од 24. коло во Серија А, Лацио синоќа на домашен терен го победи Интер со 2:1. Гостите од Милано први дојдоа во водство преку Ешли Јанг, Чиро Имобиле изедначи од пенал, а победничкиот гол за „лацијалите” беше дело на Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

За тимот предводен од Антонио Конте ова беше прв пораз по 16 натпревари.

Лацио со 56 бода се искачи на второто место на табелата со само еден бод зад лидерот Јувентус.

Интер падна на третата позиција со 54 бода.

Треба да знаете
Последни објави