Search

Лаури не добива почит каква што заслужува

Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид, реагираше на настапот на играчот на Торонто репторс, Кајл Лаури, во натпреварот број 6 од второто коло во плејофот против Бостон (125:122 по две продолженија) од кошаркарската НБА-лига.

Лаури за 53 минути постигна 33 поени, осум скока и шест асистенции.

Според Ембид, плејмејкерот е потценет играч.

-Лаури не ја добива заслужената почит. Тој е победник, напиша Ембид на Твитер.

Поранешниот играч на Рапторс, Демар ДеРозан исто така беше импресиониран од изведбата на Лаури.

Треба да знаете
Последни објави