Search

Лани за три месеци купени станови вредни 80 милиони евра, најскапи се во Карпош

Македонските граѓани само за три месеци лани, од јули до крај на септември си купиле недвижности со вкупна вредност од 142 милиони евра, од кои 80 милиони евра биле потрошени за станови, а над 17 милиони евра за куќи, покажуваат последните податоци на Агенцијата за катастaр на недвижности, објави „Денар.мк“.

Според статистиката на катастарот за периодот од јули до септември 2019, најмногу станови се продале во скопската општина Карпош- 239, со највисока  просечна цена на метар квадратен во државава- 982 евра. По  број на продадени станови следи скопски Аердром со 213, а со просечна цена од 825 евра за квадрат.

Во третиот квартал од 2019 година најголем број продадени куќи има на територијата на општина Битола, каде во овој период се продадени 30 куќи. Додека пак најмногу продажби на деловен простор има на територијата на општина Центар каде што се продадени 23 деловни простори.

Треба да знаете
Последни објави