Search

Лазаров е втор стрелец и асистент, Борко меѓу десетте најдобри голмани на мундијалот

Се одиграа две кола на 26. Светско ракометно првенство во Германија и Данска, па веќе има доволно материјал за да се направи одредена анализа и да се посочат најдобрите во најважните категории.

Ние по првите две рунди остваривне две победи против Јапонија и Бахреин, мечеви во кои се истакнаа неколку наши рекометари кои се најдоа на самиот врв на листите. Имено капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров со 16 погодоци е на второто место на листата на стрелци, односно има еден помалку од германското крило Уве Генсхајмер.

Киро исто така е на второто место кога се во прашање асистенциите или во случајот со вкупно 11 заостанува со една зад лидерот Дмитри Житников од Русија. Во оваа категорија во Топ 10 пласманот имаме уште едно име-Филип Талески кој е на делба на 5 место со 8 асистенции.

Кога се во прашање голманите, ние го имаме Борко Ристовски во Топ 10, односно во случајот ја дели деветтата позиција со Иван Стевановиќ (Хрватска) со со 40% успешност на одбрани.

Првото место е резервирано за Никлас Ландин од Данска со неверојатни 51% успешност на одбранети удари во првите две средби.

Треба да знаете
Последни објави