Search

Лавров: САД да се воздржат од употреба на сила во Венецуела

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги предупреди американскиот државен секретар Мајк Помпео дека Русија е против употреба на сила во Венецуела.

Како што соопшти руското Министерство за надворешни работи, Лавров во телефонски разговор со Помпео нагласил дека Русија е против какво било мешање во внатрешните работи на Венецуела, вклучително и употреба на сила „со што се заканува Вашингтон, кршејќи го меѓународното право”.

Двајцата шефови на дипломатии разговарале и за западните санкции воведени кон Русија поради труењето на рускиот разузнувач Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Велика Британија, при што Лаворв нагласил дека ваквиот „неоправдан потег” од страна на Западот само ги влошува меѓусебните односи и атмосферата на глобалната сцена.

Во соопштението се посочува и дека Лавров и Помпео разговарале и за состојбата во Сирија, при што се согласиле дека е неопходен дијалог за импелемтација на Резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН, која се однесува на напорите за постигнување мир во оваа блискоисточна земја.

Треба да знаете
Последни објави