Search

Лавров: Порошенко подготвува нешто, но Русија нема да војува

Нема да војуваме со Украина, ви ветувам”, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров во своето последно интервју.

„Ние не сме во војна со украинскиот режим“, вели Лавров и додава дека Русија е уверена дека провокациите во областа Керч ќе продолжат. Лавров вели дека Порошенко подготвувал провокација кон крајот на декември на границата со Русија.

„Дополнителните информации што ги добивме и на кои им веруваме укажуваат на тоа дека Порошенко во последните денови од декември планира вооружена провокација на границата со Русија”, истакна Лавров.

Тој убедува дека Порошенко ќе добие одговор на можната провокација и додаде дека Русија нема да дозволи Порошенко да ги наруши правата на жителите на Крим кои се заштитени во согласност со меѓународното право.

Треба да знаете
Последни објави