Search

Лавров: Москва и Анкара планираат серија разговори за Идлиб

– Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска најави нова серија консултации за ситуацијата во сириската провинција Идлиб.

– Во подготовка е уште една серија консултации и се надеваме дека ќе ни помогнат да постигнеме договор за тоа на кој начин може да се обезбеди да стане зона на деескалација, каде терористите нема да владеат, истакна Лавров.

Тој додаде дека турската армија во Идлиб разбира дека во зоната на деескалација се води борба против терористите.

– Никој никогаш не се договорил во рамките на постигнатите договори помеѓу претседателот на Русија и на Турција дека нема да бидат изведувани контранапади против терористите доколку се обидат да се однесуваат како што се однесуваат, посочи Лавров.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган минатата недела изјави дека се надева оти ќе се сретне со лидерите на Русија, Германија и Франција и ќе разговара за ситуацијата во сириската покраина Идлиб. Тој додаде дека средбата би можела да биде организирана во Истанбул.

Ситуацијата во покраината Идлиб се влоши кон крајот на јануари кога сириската армија покрена офанзива против екстремистите, кои го прекршија примирјето.
Москва повеќе пати изрази поддршка на антитерористичките акции, додека Анкара тврди дека сириската армија го прекрши мировниот договор од Сочи.

Треба да знаете
Последни објави