Search

Лавров и Столтенберг во Минхен разговараа за европската безбедност

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, разговатаа за прашањата за европската безбедност за време на состанокот одржан на маргините на Минхенската безбедносна конференција, јави новинската агенција ТАСС.

„Тие разговарале за безбедноста во Европа и односите помеѓу Русија и НАТО“, наведе Министерството за надворешни работи на Русија.

Столтенберг претходно рече дека планира во Минхен да разговара со Лавров за можностите за зачувување на Договорот за нуклеарните сили со среден дострел.

Треба да знаете
Последни објави