Search

Лавров за САД: За танго се потребни двајца

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека е малку веројатно да дојде до влошување на односите меѓу Русија и САД во блиска иднина.

Тој во интервју за весникот „Аргументи и факти“, рекол дека многу проблеми се насобрале во билатералните односи, како и дека тие не ги создало однесувањето на Русија, пренесе ТАС С.

„Воспоставувањето на билатералните односи е двостран процес. Нашата земја е подготвена да работи на тоа и тоа сме го кажале многу пати“ рекол Лавров.

Тој додал дека Русија и САД имаат посебна одговорност како две најголеми нуклеарни сили и постојани членки на Советот за безбедност на ОН.

Треба да знаете
Последни објави