Search

Лавров: ЕУ да не и наметнува избор на Србија или Москва или Брисел

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на денешната годишна прес-конференција изјави дека апелите на Европска Унија до Србија да избере помеѓу Брисел и Москва претставува одраз на „старите колонијални навики”.

– Европа верува дека Србија на крајот мора да избира помеѓу Русија и ЕУ. Овој застарен менталитет го одразува стариот колонијален пристап. Веќе го наведов примерот кога ЕУ се движеше по патот на еднострани барања и логиката „или – или”. Министерот за надворешни работи на Белгија во 2014 година отворено бараше од Украинците да мораат да изберат  дали ќе бидат со Русија или со Европа, посочи Лавров.

Тој додаде дека провокативните пристапи кои го одразуваат расположението на големите сили не одговараат на одлуките донесени во рамките на Организацијата за безбедност и соработка во Еврпа (ОБСЕ) и ЕУ.

Лавров истакна и дека ЕУ бара од Белград да ја признае независноста на Косово со цел да влезе во ЕУ, како и да се придржува до европската политика кон Русија.

– Ние се залагаме за враќање на философијата на заедничка соработка врз основа на баланс на интереси, а не врз основа на наметнување погледи од мала група држави, без оглед колку се влијателни, наведе Лавров.

Треба да знаете
Последни објави