Search

Кучето на Клаудија Шифер тероризира соседи и убива овци

Германскиот овчар Оскар, миленик на манекенката Клаудија Шифер (48), веќе неколку години сее страв во соседството, но дури ни полицијата не му може ништо. Според „Дејли мејл“, минатиот месец нападнал овци на соседна фарма во Нортамптоншир, Велика Британија, каде што поранешната супермоделка живее со своето семејство.

 

Оскар каснал една овца за врат, а поради сериозноста на повредата на несреќното животно, ветеринарите на крајот морале да го успијат. Другите две овци кучето сериозно ги ранил и ги осакатил. За среќа, брзо реагирал еден вработен на имотот и на тој начин спречил уште поголема трагедија. Лекувањето на настраданите животни досега сопствениците ги чини околу 3.000 фунти.

На полицијата, која веднаш дошла на местото на настанот, не и било дозволено да пука во кучето, но затоа и издале предупредување на Шифер дека таа и нејзиниот сопруг, Метју Вон (47) мораат да го оградат и обезбедат имотот колку што е можно поскоро. Нивна обврска е да ги спречат кучињата да избегаат и притоа да го тероризираат соседството.

 

Ова не е прво милениче на Клаудија познато по проблематичното однесување. Имено, во 2010 година, нејзиното куче касна друго куче, а четири години пред тоа полицијата ја предупреди Шифер да ги држи под контрола своите миленици.

Треба да знаете
Последни објави