Search

Курти утре во Тирана во прва официјална посета како премиер надвор од земјата

 Косовскиот премиер Албин Курти утре ќе отпатува за Албанија, во неговата прва официјална посета надвор од земјата откако пред една недела, на 3 февруари, беше избран на чело на новата Влада на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според агендата што денеска ја објави неговиот кабинет, за време на утрешниот полудневен престој во Тирана, Курти ќе се сретне со албанскиот премиер Еди Рама, претседателот на државата Илир Мета, собранискиот спикер Грамоз Ручи, тиранскиот градоначалник Ерион Велиај и лидерот на најголемата опозициска партија, Демократската партија на Албанија, Љуљзим Баша.

Новата претседателка на Собранието на Косово Вјоса Османи деновиве исто така најави дека Албанија ќе биде првата земја која официјално ќе ја посети.

Треба да знаете
Последни објави