Search

Курти и Вучиќ првите средби во март ќе ги направат во Берлин и Брисел

Премиерот на Косово, Албин Курти, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ во месец март ќе се сретнат во Берлин и Брисел. Ова ќе биде прва средба помеѓу Косово и Србија после воведувањето на таксите.

Ова го потврди потпретседателот на Демократскиот сојуз на Косово, Лутфи Азири, кој рече дека средбите се подготовка за самитот во Загреб.

– Да видиме дали на средбите кои во март ги имаат Косово и Србија во Берлин и Брисел ќе успеат да се подготват за самитот во Загреб. Во март е планирано посета во Берлин и Брисел за Косово и Србија, изјави Азири за РТВ Дугаџини.

Ова подразбира дека косовската страна под водство на премиерот Албин Курти и претседателот Хашим Тачи ќе имаат средба со српската страна, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ.

Треба да знаете
Последни објави