Search

Курти бара од Тачи да имаат усогласен став во разговорите со Србија

Неодамна избраниот премиер на Косово, Албин Курти, изјави дека треба да разговара со претседателот Хашим Тачи околу дијалогот со Србија.

-Треба да имаме состанок, затоа што не можеме да си дозволиме државата Косово, која е константно нападната, да има неусогласени гласови, рече Курти во емисијата „Рубикон“ на КТВ.

-Бидејќи досега не сме се сретнале, јас го повикувам Претседателот да се договориме за сите меѓународни процеси. На крајот на краиштата, дури и писмото од (американскиот претседател Доналд) Трамп до Тачи бара единствен глас, рече Курти, а пренесува Косово онлајн.

Курти тврди дека тој како премиер ќе ја предводи косовската страна во разговорите со Србија, во обид да постигне конечен мировен договор.

Тој изрази подготвеност да разговара со српските власти, без разлика дали официјален Белград, наводно, се извинил „за геноцидот во Косово“ или не.

Курти рече дека треба да се разгледа рамката во која ќе се одвива дијалогот и рече дека сегашната српска влада немала легитимност да повторно да го почне дијалогот. „Не гледам вистински дијалог за решавање на проблемот без легитимност на српската влада, затоа што наскоро во Србија ќе има избори“, рече Курти.

Тој рече дека го прифатил сегашното косовско знаме, но не ја криел желбата да го промени.

Курти забележува дека уште во 2006 година, предупреди дека независноста на Косово не треба да биде само на хартија.

„Реков дека Војводина исто така има знаме, но тоа не значи дека има држава. Кога се крена знамето на Косово, тие беа водени од идејата за поголема независност од Албанија отколку од Србија. За време на нашиот мандат, ќе има државна комисија за одржување состаноци во Приштина и Тирана. Ние не исклучуваме референдум ако се приближиме еден ден, порачал Курти.

Треба да знаете
Последни објави