Search

Курдите повикаа на општа мобилизација во североисточниот дел на Сирија

Курдската администрација во североисточна Сирија денеска ги повика цивилите да го одбранат регионот од евентуален турски напад, за кој се верува дека е неминовен.

– Најавуваме тридневна општа мобилизација во северниот и источниот дел на Сирија, се наведува во соопштението. Во него, исто така се повикуваат сите цивили да „се упатат кон границата со Турција за да ја исполнат својата должност”. Претходно, курдските сили и две сириски групи на активисти објавија дека екстремистите на Исламска држава утрово извршиле напад во Рака, северна Сирија. Курдските борци наведуваат дека ИД извршила три самоубиствени напади врз нивни позиции во Рака.
За сега нема информации за евентуални жртви или повредени. Сириската Опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон соопшти дека нападот го извршиле двајца бомбаши – самоубијци на ИД.

Треба да знаете
Последни објави