Search

Кумот на Шаулиќ: На Шабан му пресуди „стара рана“

Слободан Бобан Стојадиновиќ, кум на загинатиот крал на народната песна, Шабан Шаулиќ за „Блиц“ откри детали за трагичната сообраќајка што се случи во неделата во Германија.

Стојадиновиќ, кој седел зад совозачкото место на кое седел пејачот, рече дека Шаулиќ бил врзан со појас, но дека му пресудила „стара рана“. Кумот на Шаулиќ е во истата болница каде бил пренесен и пјачот, кој таму им подлегнал на повредите.

– Слушнав од лекарите претходно дека му пукнала аортата, која ја оперираше и дека се обиделе да ја сошијат. Шаулиќ во Италија пред речиси три години ја оперираше абдоменалната аорта, која наводно од силата на ударот, повторно се отворила. По судирот се онесвестив, не знаев што се случува. Да бев свесен ќе им кажев на лекарите за аортата, можеби тогаш ќе успеаја да го спасат, вели кумот.

Шаулиќ подоцна починал како последица од срцев удар.

Стојадиновиќ објаснува дека Шаулиќ бил невобичаено нервозен ноќта за време на настапот во Билефелд и му се брзало.

– Настапот траеше до 3.30 часот. Бидејќи имавме авион рано утрото, се договоривме да отспиеме кратко во хотел и да го разбудам во 6.15 часот. Меѓутоа, во 6.15 ми заѕвони телефонот, а Шабан веќе беше подготвен и на вратата, тропаше. Го прашувам зошто се брзаш? И ми вели„ Па ајде, те молам, побрзо, зошто доцниш? Брзаме!“. Малку ми падна чудно зошто ме повика, никогаш порано не бил таков. А имавме уште три часа до полетување на авионот. Подоцна во автомобилот, беше малку нервозен и тогаш ми забележа зошто не сум го разбудил три минути порано. Внимавајте „три минути“ не можев да поверувам. Целиот беше чуден, рече Стојадиновиќ.

Тој додаде дека и за време на нстапот Шаулиќ бил некако нестрплив.

– Цело време додека пееше гледаше на часовникот. Како да брзаше некаде, како да го влечеше некоја несреќа. Додека патувавме, разговаравме за нашите луѓе кои во Германија се пензионираат и таму умираат. И ништо не проживеат, се сеќава Стојадиновиќ.

Треба да знаете
Последни објави