Search

Кумановка со „голф“ излетала од патот, повредени три жени

На 20.02.2020 во 16.10 часот било пријавено дека на мaгистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во атар на с.Ругинце, патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(36) од Куманово, излетало од патот и се превртело.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките С.С.(41) и Н.Ј.(56), двете од Куманово, а со телесни повреди се здобила Е.Ј., по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Треба да знаете
Последни објави