Search

Кумановец избоден со остар предмет

Кумановец бил избоден со остар предмет, соопшти денеска СВР Куманово.  Настанот, како што додаваат оттаму, бил пријавен дваесет минути по полноќ.

Најпрво настанала расправија во кафе бар помеѓу 21-годишниот К.П. и А.Н, која продолжила во друг кафе бар, по што А.Н. со остар предмет му нанел повреда на К.П. Повредениот бил пренесен во кумановската болница каде му била укажана помош. СВР Куманово презема мерки за расчистување на настанот.

Треба да знаете
Последни објави