Search

Крис Рок: Tреба да им верувате на сите жени освен Амбер Херд

За време на настап во Лондон, комичарот Крис Рок го понуди своето мислење за судскиот спор на Џони Деп за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд.

Комичарот накратко се осврна на контроверзите за шлаканицата на „Оскарите“, но потоа веднаш ја смени темата и премина на судењето на поранешната холивудска двојка.

Откако ги слушнал сведочењата, тој откри дека го поддржува Деп. Темата се наметна кога комичарот гласно размислуваше за тоа дека постојат нови правила кога станува збор за спиење со други луѓе.

„Ако почнеме да се е*еме, и ако го сакаш тоа грубо, треба да кажеш“, рече тој за време на својот настап, како што пренесе LADBible.

„Верувајте им на сите жени… освен на Амбер Херд“, рече комичарот.

„На која дрога е, по ѓаволите? Таа се пос*а во неговиот кревет! Штом ќе се посе*ете во нечиј кревет, вие сте виновни за се. … Што по ѓаволите се случувало таму? Сум бил со некои луди кучки, но ова е премногу“.

Иако претходно постоеа тврдења дека Херд извршила нужда во креветот на парот за време на расправија, ваквите наводи повторно предизвикаа интерес на сегашниот судски спор за клевета, инициран од Деп.

Како што објави „Пипл“ минатиот месец, Деп се присетил дека „му била покажана фотографија од креветот по инцидентот“.

Деп сведочеше дека Херд „се обидела да го обвини кучето милениче за состојбата на креветот. Подоцна таа сведочеше дека изметот била „ужасна практична шега што тргнала наопаку“.

Треба да знаете
Последни објави