Search

Кривична пријава за скопјанец во чиј дом е пронајден хероин

 Скопјанец заработи кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотички дроги и психотропни супстанции.

При претрес во домот на 34-годишниот Ќ.А. полицијата пронајде четири полиетиленски пакувања со наркотична дрога хероин со вкупна маса од 186,84 грама, една дигитална вага со остатоци од хероин и една сим картичка со остатоци од хероин.

Против него е поднесена кривична пријава.

Треба да знаете
Последни објави