Search

Кривична пријава за две лица осомничени за криумчарење на 27 мигранти

Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Секторот за гранични работи – Регионалните центри за гранични работи Исток и Југ, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава против Д.М.(22) од Богданци и И.С.(39) од сeло Селемли, општина Богданци, осомничени дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти”.

Како што соопшти денеска МВР, вчера во 11.15 часот на местото викано „Крива река” во Струмица, во патничко возило „цитроен џампер”, со скопски регистарски ознаки, во кое биле пријавените, биле пронајдени 27 лица – мигранти и тоа 11 од Авганистан и 16 од Пакистан.

Треба да знаете
Последни објави