Search

Кривична за фитоснитарен инспектор кој одобрил извоз на 20 тони јагоди од непознато потекло во Србија

Бизнисмен од Сарај успеал да извезе во Србија 20 тони јагоди со непознато потекло и квалитет со помош на фитосанитарен инспектор кој одобрил извоз без комплетна документација.

Станува збор за М.Ф.(31) од Скопје, сопственик и управител на правно лице  ДТУ Алб Инвест Хоузе ДОО Скопје, кој доби кривична за злоупотреба на службена положба и овластување и  фалсификување исправа, Ш.Ф.(54) застапник на фирмата, кој се товари за фалсификување исправа, како и Ш.А.(56) од Куманово, фитосанитарен инспектор на ГП Табановце, кој доби кривична за злоупотреба на службена положба и овластување.

Според полицијата, M.Ф., , во март 2019 година набавил 20.838 килограми јагоди спакувани во 3.532 колети, со непознато потекло и со сомнителен квалитет, за кои не постои никаков документ за нивната набавка. Тој, заедно со Ш.Ф., како полномошник кој го застапува правното лице во трговското работење, на 02.04.2019 година го ангажирале правното лице Даути Транспортшпед АД од Скопје, во име на правното лице, да ја подготви целокупната документација за извоз на набавените јагоди. Ш.Ф. по овластување од М.Ф истиот ден, изготвил лажна изјава дека јагодите ги откупил од наши земјоделци и дека се со потекло од Р.С. Македонија и ја приложил кон Пријавата за добивање на Фитосанитарен сертификат за извоз на пратки кои подлежат на фитосанитарна инспекција и Барањето за издавање на фитосанитарен сертификат за извоз на јагодите во Р.Србија. Ваквата документација пријавените ја приложиле кај Ш.А., вработен во Државен инспекторат за земјоделство – Фитосанитарна инспекција, како фитосанитарен инспектор на ГП Табановце, кој на 02.04.2019 година ги злоупотребил службената положба и овластување на начин што со некомплетна документација, прифаќајќи ја само лажната изјава изготвена и доставена од М.Ф и Ш.Ф, изготвил, потпишал и заверил Фитосанитарен серификат, со кој одобрил извоз на јагоди во Р.Србија со непознато потекло и неутврден кавалитет.

Треба да знаете
Последни објави