Search

Кривична за лихвар од Тетово

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Ф.(42) од Тетово, осомничен за  лихварство.

Според полицијата, на 28 мај годинава Д.М.(24) од Тетово од пријавениот побарал на заем 200 евра, кои требало да ги врати за седум дена, како и дополнителни 100 евра за услугата.

Д.М. не успеал да ги врати парите во договорениот рок и побарал продолжување на рокот до 4 јули.

Бидејќи и во тој рок не успеал да ги врати парите, пријавениот почнал да му праќа пораки со заканувачка содржина.

Треба да знаете
Последни објави