Search

Кривична за двајца сопственици на скопски портали, објавиле фотографија со класифицирани информации на МВР

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.Д. од Скопје, правен субјект од Скопје и М.С. од Скопје, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање на службена тајна“.

На 14.07.2020 првопријавениот, сопственик и управител на второпријавеното правно лице, коe билo и сопственик на интернет-веб страна, како и третопријавениот, сопственик на друга интернет-веб страна, објавиле фотографија со податоци од класифицирани информации со кои располага само МВР, при што класифицираните информации ги направиле достапни на јавноста преку објавени содржини на уреден текст и фотографија на наведените интернет-веб страни.

 

 

Треба да знаете
Последни објави