Search

Крива Паланка се вклучува во маратонската рута на бугарскиот маратонец Красимир Геогиев

Бугарскиот маратонец Красимир Геогиев започна иницијатива за ултра маратон низ Бугарија, Северна Македонија и Албанија, а во насока на промовирање на пан-европскиот транспортен Коридор -8, како и промовирање на добрососедската политика и унапредените добрососедските односи меѓу трите балкански земји.

Проектот на маратонецот Красимир Геогиев започна на 7 мај од Црното Море и ќе се одвива во наредните денови, до 25 мај, кога маратонецот треба да финишира во Драч (Албанија). За време на овој ултра маратон, Красимир ќе се движи од Црното море до Јадранското Море, а треба да помине 20 градови и вкупна должина од 1 300 км. Финалето е на 25 мај во Драч (Албанија).

Општина Крива Паланка како град кој претставува источна порта кон Европската унија и како град низ кој поминува Коридорот – 8, неизбежно се најде на мапата на движење на овој маратонец. Затоа Општина Крива Паланка апелира до сите спортисти и љубители на ова спортска дисциплина, симболично да се приклучат на маратонецот Красимир Георгиев, кој во Крива Паланка ќе пристигне на 15 мај и ќе ноќева во манастирскиот комплекс ,,Св Јоаким Осоговкски“, а во утринските часови ќе го продолжи својот пат.

„Проектот за овој маратон се одржува под мотото „Конективност“ или поврзување, и е под покровителство на тројцата премиери на Бугарија, РСМ и Албанија – Бојко Борисов, Зоран Заев и Еди Рама, а е во насока на промовирање на важноста на проектот за транспорт низ Коридорот 8 и добрососедската политика на овие лидери“, соопштија од Општина Крива Паланка.

Маратонецот Красимир Георгиев ги поддржува заедничките напори на трите земји за исполнување на инфраструктурниот проект преку Коридорот 8, кој ќе донесе серија придобивки за Западен Балкан и ќе ги поврзе трите соседни блакански земји. Красимир преку реализација на инцијативата за овој ултра маратон низ трите соседни земји од Црното до Јаранското Море, се надева дека ќе привлече многу ентузијасти во својата нова авантура, кои ќе му се придружат на патот на поврзувањето и обединувањето и кон вредностите што заеднички ги делиме на патот кон Европската Унија.

Треба да знаете
Последни објави