Search

Кремљ: САД одамна одлучија да го напуштат нуклеарниот договор

Додека администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, се подготвува денеска да објави дека се повлекува од договорот кој е клучен за контрола на нуклеарното оружје од периодот на Студената војна, Кремљ изразува жалење поради таквиот најавен потег и го обвини Вашингтон за неспремност да преговара со цел да би се избегнал таков исход.

„Неспремноста на Америка да слушне каков било аргумент и да одржи важни и суштински преговори со нас покажува дека одлуката за прекинување на овој договор во Вашингтон е направена многу одамна“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите, објави „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави