Search

Кредитна линија од пет милиони евра преку „Силк Роуд банка” за микро и старт ап компании

Преку Силк Роуд Банка достапни се пет милиони евра за поддршка на микро и старт ап компании.

Кредитите ќе бидат достапни за компании чиј годишен обрт не надминува повеќе од два милиони евра кои имаат максимум девет вработени.

Средствата се издвојуваат од буџетот на Европска Унија наменет за Програмата за вработување и социјална иновација („EaSI”).

– По успешна и темелна анализа од страна на Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) и Европската Инвестициска Банка (ЕИБ), овие две мултилатерални институции со седиште во Луксембург дадоа сериозна доверба на менаџментот и деловниот модел на работење на Силк Роуд Банка, како и на единствениот швајцарски акционер на Банката во нивниот професионален пристап и корпоративно управување. Банката е почестена од оваа поддршка искажана од страна на овие две инситуции и има интенција да стане една од водечките банки во овој домен, се наведува во денешното соопштение од Силк Роуд Банка.

Треба да знаете
Последни објави