Search

Костадинов: Јанева е прв обвинител досега во земјава кој е во притвор како осомничена

Институциите градат механизми што ги зајакнуваат капацитетите на правната држава. Правдата, законите важат за сите подеднкаво и тоа е очигледно и јасно воочливо. Катица Јанева е прв обвинител досега во земјава кој е во притвор како осомничена за злоупотреба на службената положба. Тоа е нешто што беше незамисливо во времето на владеењето на ВМРО-ДПМЕ, кога голем дел од судиите и обвинителите кои беа во директна спрега со режимот на Никола Груевски.

„Сваровски” судството и режимот на ВМРО-ДПМНЕ креираа систем на селективна правда и уривајќи ги сите  принципи на правната држава, со што придонесоа за исфрлање на нашата држава од европскиот колосек. Денес, тоа е минато, наместо неправда, има правда за сите.

Случајот „Рекет” и заминувањето на Катица Јанева од челната позиција во СЈО не ги амнестира од кривична одговорност поранешните носители на високи државни функции за сите криминали и злоупотреби што произлегоа од снимките од масовното прислушување. Сите тие случаи мора да продолжат да се процесуираат и да добијат судска разврска за да има правда. Северна Македонија е правна држава во која законите важат за сите подеднакво. Секој за кого низ отворена судска постапка ќе се докаже дека постпаувал незаконски одговара согласно законите во Република Северна Македонија.

Амнестија нема и нема да има за никого, без разлика на неговата верска, етничка или политичка припадност.

Треба да знаете
Последни објави