Search

Костадинов: Сите пратеници да се ставиме во функција на правото и правната држава

Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ порача на колегите во собранието да се стават во функција на правото и правната држава, по коментарите на албанската опозиција дека нема да го гласа законот за ЈО ако се дпостигне договор.

-Немам такви информации. Сметам дека, сите пратеници без исклучок и без разлика на нашата партиска, етничка или било каква друга определба, мора да дадеме шанса на правната држава. Само на тој начин, навистина ќе ги поставиме демократските принципи во Северна Македонија и конечно ќе го покажеме и пред граѓаните, она за што навистина тие навистина се гладни. Со сигурност можам да ви потврдам дека граѓаните во Република Северна Македонија се главни за правда. Сите мора да покажеме подготвеност, дека независно од нашите политички, партиски интереси, ќе се ставиме како одговорни политичари во функција на правото и правдата во Република Северна Македонија, рече Костадинов.

 

Треба да знаете
Последни објави