Search

Костадинов: Само за опашки, ВМРО-ДПМНЕ потрошија 1 милион евра народни пари

Оваа Владата предводена од СДСМ и гради, и го намалува долгот, порача пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов на денешната седница на Собранието на Република Северна Макеоднија.

– Нема „ќе” го вратиме долгот, граѓаните го враќаат долгот од недомаќинското и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните враќаат  2,3 милијарди евра заради вашето криминално владеење. И сега ќе кажувате дека во 21 век не се зборувало за водоводи и канализации, ама затоа поденсувате амандмани за опашка на споменици. Па вие само за опашки сте потрошиле еден милион евра народни пари, истакна Костадинов во својата реплика.

Костадинов порача дека има голема разлика меѓу работењето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и додаде  дека доказ за позитивно движење на економијата е раст од 3,5 насто, додека за време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ била минус 4.

ВМРО-ДПМНЕ најавува протест ако се зголеми минималната плата. Нека ви е на чест, рече Костадинов, додавајќи дека минималната плата е веќе зголемена.

За разлика од „ќе” владата на ВМРО-ДПМНЕ сега минималната плата е зголемена, наместо „ќе” градиме, изградивме 500 километри патишта за 2 години, посочи Костадинов.

Треба да знаете
Последни објави