Search

Костадинов: Дали обвинетите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат оставки?

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов по оставката од колегата Павле Богоевски изјави дека останува отворено уште само едно прашање: дали пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски предмети, ќе покажат морална одговорност и ќе поднесат оставка од функцијата пратеник во Собранието на Република Северна Македонија?

-Отсега, прашањето веќе не е дали Павле Богоевски има легитимитет да ја води Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, туку дали колегите пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат да го бранат криминалот на нивниот почесен претседател во бегство, Никола Груевски? Дали колегите пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои со недели зборуваа за чесност и морал, ќе покажат одговорност пред граѓаните и ќе му го одземат мандатот на Никола Груевски, и дали оние кои се обвинети за сериозни кривични дела ќе поднесат оставки од своите функции. Денеска на дело видовме што значи висока морална одговорност пред граѓаните.Ги охрабруваме пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат ЗА одземање на мандатот на Никола Груевски, а оние против кои се водат судски предмети да се повлечат од нивните функции, рече Костадинов.

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави