Search

Косовско „ауди“ удри моторџија на автопатот Скопје-Велес па избегало

На 22.10.2021 во 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „дукати”, со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Ј.(51) од Скопје и патничко возило „ауди”, со косовски национални ознаки.

Автомобилот по незгодата го напуштил местото на несреќата. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот А.Ј.(20) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

Увид на местото  извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави