Search

Косовското МВР со кривична пријава против Тачи поради повик за непослушност

Министерството за внатрешни работи на Косово денеска поднесе кривична пријава против претседателот на државата Хашим Тачи, поради тоа што тој повика да не се почитуваат владините одлуки. Според приштинската Коха, за делото е предвидена казна затвор до пет години.

Во образложението се вели дека Тачи ги повикал граѓаните на непослушност и да не ги почитуваат владините одлуки за забрана на движење на граѓаните за време на епидемијата на коронавирусот.

– Граѓаните не се должни да ги почитуваат неуставните одлуки и никој не може да ги казни поради тоа. Ни косовската полиција ни безбедносните органи не би требало да ја спроведуваат оваа противуставна одлука на Владата, бидејќи на тој начин прават кривично дело, изјави претходно Тачи.

Во образложението на кривичната пријава се вели дека Тачи тоа го рекол на 23 март и дека со тоа предизвикал „неизвесност кај граѓаните”, можен хаос на улиците и ширење на заразата.

Треба да знаете
Последни објави