Search

Коронавирусот во Русија не стивнува, потврдени 7.600 новозаболени

Во Русија се регистрирани 7.600 нови случаи на инфекција со коронавирус, со што вкупниот број достигна 592.280, објави центарот за криза.

Во соопштението се наведува дека 95 лица починале од коронавирусот во текот на претходните 24 часа, со што вкупниот број на жртви достигна 8.206.

Во текот на претходниот ден закрепнале 5.119 пациенти, а вкупниот број на заболени е 339.711, јави ТАСС. Од Центарот за кризи прецизираат дека оздравеле 58 проценти од заболените од „Ковид-19“.

Треба да знаете
Последни објави