Search

Коронавирусот веќе усмрти над 1.000 лица, вчерашниот ден најсмртоносен од почетокот на епидемијата

 Во кинеската провинција Хубеи, едно од жариштата на коронавирусот, вчера биле регистрирани 103 нови смртни случаи, како и 2.097 новозаболени, додека во цела Кина од последиците на оваа заразна болест веќе починаа повеќе од 1.000 лица, јавија британските медиуми, повикувајќи се на Националната здравствена комисија.

Само во овој дел на Кина се заразени 31.728 лица, а 974 лица починале од последици на болеста. Покрај тоа евидентирани се уште 16.687 сомнителни случаи.

Бројот на починати во провинцијата Хубеи вчера беше најголем откако болеста се појави во земјата.

Светската здравствена организација истакнува дека 168 лаборатории ширум светот во моментов прават трестирање со цел да го пронајдат лекот за оваа смртоносна болест.

Треба да знаете
Последни објави