Search

Концерт „Турски амам” и филм „Планинско чудо” на „Скопско лето”

Гудачкиот камерен оркестар „Арко” вечер од 20.30 часот во Националната опера и балет во рамки на „Скопско лето” ќе одржи концерт насловен „Турски амам” со диригентот Ерхан Шукри и солистот  Тахир Ајдогду од Анкара кој ќе свири на канон. На концертот ќе гостува и Мандолинскиот оркестар „Скопје”.

Оркестарот „Арко”  е  формиран во 2003 година од членови со завршено основно музичко образование кои се занимаваат со други професии. Повеќето од нив биле ученици на проф. Ерхан Шукри. Од 2011 во оркестарот членуваат и музичари од нашите професионални оркестри – Филхармонијата и Оркестарот при МОБ, како и професори од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј”.

На програмата на „Кафе кино”, пак, вечер од 21 часот во Сули ан ќе биде прикажан филмот „Планинско чудо”  – германско-италијанска копродукција во режија на Тобијас Виман.

Треба да знаете
Последни објави