Search

Контроверзниот професор Дидие Раулт тврди „епидемијата завршува”

Бројките за епидемијата на новиот коронавирус во Франција од пред неколку дена се помалку алармантни, додека СЗО исто како и француската влада повторува дека „екстремната будност останува неопходна”. ТНо, според контроверзниот професор од Марсеј, Дидие Раулт „епидемијата завршува”, јави дописникот на МИА.

-Епидемијата завршува, ова е оптимистичкиот став, даден од професорот Дидие Раулт во неговиот последен билтен објавен на неговиот профил на Твитер. Запрашан да ја опише состојбата во Марсеј, специјалистот за заразни болести уверува дека епидемијата Ковид-19 „исчезнува” во Марсеј, откако вчера бил дијагностициран еден случај од над 1.200 тестирани.

-Значи, можеме јасно да видиме дека нештата престануваат, инсистира тој. Според него, ова забавување на епидемијата е објаснето во Марсеј со тоа што има „систематски дијагностицирани и лекувани” пациенти, а во смисла дека третманот го намалува времетраењето на вирусното носење.

Професорот е исто толку оптимист кога зборува за епидемијата во остатокот од Франција.

-Оваа епизода е решена. Никаде нема втор бран, тоа е баналната крива , инсистира тој.

-Неколку спорадични случаи ќе се појават овде или таму, ако има некој кој е супер заразен, но сето тоа веќе не ја одразува епидемиската динамика. Епидемијата завршува, нагласува Дидие Раулт.

За потсетување, во последните денови се пријавени неколку жаришта епидемијата во Франција.

Генералната дирекција за здравство (ДГС) во вторникот вечерта објави дека во последните 24 часа во Франција имало 348 нови смртни случаи поради Ковид-19. Бројка која се зголемува во однос на претходниот ден. Вкупно 26 991 лица починаа од коронавирус во земјата од почетокот на март.

Треба да знаете
Последни објави