Search

Конте вечерва се обрати кон нацијата од утре ќе бидат затворени сите продавници

Конте вечерва се обрати кон нацијата од утре ќе бидат затворени сите продавници

До денес, од коронавирусот во Италија се починати 827 луѓе.

Премиерот на Италија, Џузепе Конте вечерва во обраќањето кон нацијата рече дека од среда ќе бидат затворени сите продавници освен аптеките и продавниците за храна.

Италијанската влада ги презеде овие драстични мерки за спречување на ширењето на новата пандемија на коронавирус.

-Ќе ги затвориме сите останати продавници, кафулиња, пабови и ресторани. Дозволена ќе биде испораката на храна до домовите“, рече Конте.

Се потсетува дека како резултат на коронавирусот во Италија, 827 лица починаа, а повеќе од 12.000 се заразени.

Треба да знаете
Последни објави