Search

Кондовска: Интензивно се реконструираат најважните сообраќајници и во Чаир

Општинската власт во соработка со Град Скопје постојано работи на реконструкција и санација на значајните сообраќајници во општина Чаир, изјави Марија Кондовска, советничка во Советот на Општина Чаир.

Во моментов, како што информираше Кондовска, се работи на реконструкција на улицата Лазо Трповски на потегот од кружниот тек со улица Втора македонска бригада до крстосницата со улицата Петар Ичко.

„Предвидено е процесот да заврши за 20 дена со што ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се олесни транспортот во овој дел од градот“, изјави Кондовска.

Претходно Град Скопје ја заврши реконструкцијата на улицата Втора македонска бригада каде се поставени и велосипедски патеки. Кондовска тврди дека градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов останува целосно фокусирана на развој и унапредување на инфраструктурата во општина Чаир.

Треба да знаете
Последни објави