Search

Конгресменот Бен Мекадамс хоспитализиран со проблеми со дишењето

Американскиот конгресмен Бен Мекадамс, кој е заразен со коронавирус, бил хоспитализиран викендов поради потешкотии при дишењето, пренесува „Њујорк пост“.

Демократот од Јута, кој минатата недела имаше позитивен тест на КОВИД-19, во изјавата рече дека прима кислород за да го регулира нивото на кислород во крвта.

„Искуството ми покажа колку е важно да се следат советите на ЦДЦ и Министерството за здравство на Јута за да се запре ширењето на овој вирус“, рече тој.

Мекадамс се разболел на 14 март откако се вратил од Вашингтон, каде што гласаше за пакетот за помош поради коронавирусот кој беше преточен во закон минатата среда. Лекарот прво  му кажал дека неговата треска и кашлица не оправдуваат тест за коронавирус, но неговата состојба навистина се влошила минатиот понеделник.

„Имав температура од 39,4 и белите дробови ми беа навистина како блокирани,  се чувствував како да имам ремен околу градите“, рече тој.

Неговиот доктор дури тогаш го тестирал за вирусот.

Треба да знаете
Последни објави