Search

Компас со стрелки кон НАТО и ЕУ пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Импровизација на компас со стрелки под агол од 180 степени кои на едната страна го покажуваат НАТО, а на другата Европската Унија (ЕУ) е поставен пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, како најнова герила акција во главниот град по неколкуте во изминатите недели.

Поставувањето на компасот пред опозициската партија е симболична порака за следење на курсот по кој се движи земјата. Македонија со вчерашното депонирање на Инструментот во Стејт департментот во Вашингтон и официјално стана 30 членка на Алијансата. За понеделник (30 март) е најавено подигнување на македонското знаме на јарбол пред седиштето на НАТО во Брисел, но и пред две други команди.

Европските шефови на држави и влади, во четвртокот на редовниот пролетен самит на Европската Унија го потврдија отворањето на преговори со Северна Македонија и Албанија, според заклучоците од последниот Совет за општи работи на ЕУ на 24 март.

На 24 март, министрите за европски прашања на земјите од ЕУ одобрија почеток на преговори со Македонија и со Албанија. Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји рече дека Европската комисија ќе ја забрза работата и многу брзо ќе создаде преговарачка рамка за што побрзо да почнат преговорите, без да се прецизира датумот за првата меѓувладина конференција која официјално го означува стартот на процесот.

Треба да знаете
Последни објави