Search

Колумна: Зошто не сум позитивен на Ковид 19?

Зошто не сум позитивен на Ковид 19?

На ова прашање многу лесно ќе си одговорат оние кои сесрдно, заради “позитивноста“ на другите, заради реалната слика за секојдневното зголемување на бројот на позитивни, како и бројот на починати, која секојдневно ни ја пренесува власта, (Венко), ја злоупотребуваат во функција на дискредитирање на власта. Да се најежишшш, малку е. Бараат одговоност од владата, од Венко и Комисијата за заразни болести, бараат оставки, во име на заболените, на позитивните, во име, на реалните емпириски слики кои секојдневно ни ги пренесува истата власт, истиот Венко, истиот Караџоски, оние истите лекари и друг медицински персонал, кои, четири месеци пропљукаа крв за да им помогнат на заразените, за да ги советуваат како да се заштитуваат незаразените…

На прашањето “зошто сум негативен на Ковид 19“, односно, “зошто не сум позитивен“, многу лесно и брзо ќе си одговорат душебрижниците. Сите, од прв до последен, кои здушно и гласно повикуваат на оставки, на бојкотирање на изборите, оние, кои, сите препораки и мерки на Венко ги сметаат за недоволна грижа кон жителите, оние кои денес протестираат за отварањето на границите, само заради една работа се негативни на Ковид 19. Тие не се позитивни на вирусот затоа што доследно ги почитувале и ги почитуваат мерките и препораките на власта од која бараат одговорност за зголемениот број на позитивни и починати…

Другарки и другари, и со карантини, и со полициски часови, и со државни и приватни изолации, не само македонските власти, туку и светските, покажаа и укажаа само на една работа: Од вирусот не може да те спаси ни Св.Венко, ни Св. СЗО, ако не ги почитуваш најбаналните мерки кои ги препорачува светското здравство и нашето. Ситуацијата е таква да против ова зло секој се бори сам за себе и за најблиските, и само на тој начин ги заштитува и другите – соседи, колеги, верници, сопартијци, другари и другарки. Да, секој кој ја напаѓа власта за ширењето на вирусот, прво нека си одговори на прашањето: Зошто не сум позитивен на Ковид 19? И нема тука да најде два одговори, да се разбереме. Тоа е така, токму заради тоа што сте ги почитувале мерките и препораките на власта, ебаве бељата…

Тенкју.

Боки Бургија…

Треба да знаете
Последни објави