Search

Коле се пожали: Не е фер еден тим да има два дена одмор, а другиот да има само еден

Аргентина и одржа лекција на Франција и ја исфрли од Светското првенство со резултат 80:66 во второто полуфинале на турнирот.

Францускиот селектор Винсент Коле му оддаде почит на аргентинскиот тим, но се пожали дека Французите добиле само еден ден одмор, додека „гаучосите” имаа два.

– Честитки до Аргентина за победата. Агресијата е клучна во ваквите дуели и вечерва тие беа многу поагресивни отколку што бевме ние, особено во одбраната. Не можевме да ја покажеме нашата добра игра од претходните мечеви. Тие извршија голем притисок и беше дури тешко за нас да ја извадиме топката од нашата половина. Немавме доволно енергија. Не сакам да се жалам, но не е фер еден тим да има два дена одмор, а другиот да има само еден. Не трениравме синоќа, затоа што моите момчиња беа исцрпени, но Аргентинците одиграа многу добар натпревар и заслужено победија, објасни Коле по мечот.

Треба да знаете
Последни објави